Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски е прогласен за најкорисен играч во финалето од плејофот во македонското кошаркарско првенство.
Тоа е негово петто вакво признание, четврто во дресот на МЗТ Скопје. Првото го доби како член на Вардар Осигурување во 2010 година, а во дресот на клубот од Аеродром му припадна во 2014, 2016, 2019 и 2024 година.
Со тоа, Дамјан го подобри својот рекорд бидејќи е единствен со пет МВП признанија во својата кариера. Зад него е Ѓорѓи Чековски со три, додека Тодор Гечевски и Диме Тасовски го освојуваа по два пати.


