Бранителот на титулата МЗТ Скопје е првиот финалист во Купот на Македонија откако во воведниот меч беше подобар од Гостивар со 91-76.
На шампионот му требаа околу 15 минути да се загрее, но потоа се разиграа кошаркарите на Васко Атанасов и не оставија ни најмал сомнеж кога станува збор за пласманот во полуфиналето. По 37-35, следуваше серија од 13-3 со која МЗТ Скопје првпат се одвои на двоцифрена разлика, на полувреме беше 54-40, а останатиот дел беше само рутинско одработување.

На средина од третиот период, МЗТ ја достигна највисоката предност, од 25 поени разлика (70-45), па во останатиот дел од мечот Гостивар успеа да се избори за попристоен пораз.
Делалиќ го предводеше победничкиот тим со 22 поенда, а Робев, Танасковиќ и Ворку додадоа по 13. Вилијамс беше најефикасен кај Гостивар, воедно и на натпреварот, со 23 поени.


