Откако вчера го потврди своето учество во ФИБА Европа купот, шампионот на Македонија, МЗТ Скопје денеска го претстави и првото засилување.
Нов играч на тимот од Аеродром е македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата. Бекот, практично, се враќа во својот матичен клуб каде една сезона настапуваше, во сезоната 2018/19, кога имаше само 18 години. Во МЗТ и се претстави на кошаркарската јавност во земјава, а потоа играше за Академија ФМП, Еуро Никел и Пелистер каде ги помина последните три сезони.
Покрај тоа, последните години е и стандарден репрезентативец на Македонија, а учествуваше и во последната акција, дуелите против Ирска и Луксембург во претквалификациите за Европското првенство.
Шампионот во следниот период ќе ги претстави и другите засилувања со кои претстојната сезона ќе учествува во домашните првенства, АБА 2 и Еврокупот.


