Актуелниот шампион МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија во домашното првенство откако вечерва на домашен терен го совлада Гостивар со 84-73.
Гостите во „Јане Сандански“ дојдоа со новиот тренер, легендата на МЗТ, Перо Блажевски, но не успеаја да направат изненадување иако долго се држеа. Практично, цело прво полувреме беше егал, а клучната предност домаќините ја направија во третиот период кој го добија со 26-16.
Тогаш МЗТ ја направи и својата најдолга серија, со 9-0, благодарение на која поведоа со највисоки +15 (54-39). На седум минути пред крајот на натпреварот, Гостивар намали на само три поени негатива (58-61), но МЗТ Скопје одговори со 14-3 и ги реши дилеми околу победникот.
Мекејден беше најефикасен кај МЗТ со 23 поени, но се истакна Танасковиќ со дабл дабл од 18 поени и 15 скока. Црниќ беше најдобар во тимот на Гостивар со 21 поен. Со оваа победа шампионот привремено го презеде врвот на табелата и го зголеми притисокот врз ТФТ кој својот натпревар со Маџари го игра утре.


