Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје ги доби ривалите за својот прв настап во ФИБА натпреварувањата по пауза од 26 години.
Нашиот тим по денешната ждрепка се најде во групата Е од ФИБА Европа купот која е релативно тешка и со незгодни противници. Тука е германскиот бундеслигаш Вурцбург, предводен од Сашо Филиповски, како и грчкиот Ираклис, полски Џики Варшава, естонски Тарту и кипарски АЕК Ларнака. Можно е групата да претрпи измени бидејќи АЕК, Вурцбург и Џики учествуваат и во квалификациите за Лигата на шампионите.
Својот настап во ФИБА Европа купот, МЗТ Скопје ќе го почне на 6 или 7 октомври, а наскоро ќе се знае и распоредот на натпреварите.



