Вечерва МЗТ Скопје ќе го израмни рекордот на Работнички бидејќи по 20. пат ќе игра во финале од домашниот плејоф.
И тимот од Градски парк има толку настапи во сериите за титула со тоа што 15 пати триумфираше, а МЗТ ќе го бара 13. шампионски трофеј. Јасно е дека аеродромци ја носат фаворитската улога против Маџари, а меѓу другото, на својата страна ја имаат и традицијата.
Таа вели дека досегашните седум порази во финалните серии, МЗТ ги доживеал од Работнички, а од ниеден друг тим во лигата не загуби во борбата за титула. Поразите ги претрпе во: 1993 (0-3), 1996 (0-3), 1998 (2-3), 1999 (2-3), 2001 (0-3), 2004 (1-4) и 2018 година (0-3).
Маџари е дебитант во елитната конкуренција и секако дебитант во финалните серии, па денеска ќе го има првото искуство во борбата за титулата.


