Со секоја нова година, МЗТ Скопје е се поблиску до бројот на трофеите кои ги има се уште најуспешниот кошаркарски клуб во земјава.
Во моментов, соодносот изнесува 25-22 (сметајќи ги само првенството и Купот бидејќи Суперкупот не се играше секоја година) за Работнички со тоа што тимот од Градски парк е подобар во првенството, а МЗТ Скопје во купот. Она што е интересно во моментов е што дури во 32. сезона од осамостојувањето на Македонија, аеродромци првпат имаат предност од два трофеја во Купот во Работнички.
МЗТ Скопје првпат поведе во 2000 година и тоа со 4-3, Работнички освои четири пехари од 2003 до 2006 и поведе со 7-4, па „штрковите“ потоа израмнија дури во 2021 година, на 10-10. По успесите лани и оваа година, МЗТ Скопје сега води со 12-10, а во плејофот ќе се обиде да намали на 11-15 кога станува збор за домашното првенство. Својот последен пехар во Купот на Македонија, Работнички го освои во 2019 година, а во последните 13 сезони, само два пати триумфираше во ова натпреварување.


