Иако натпреварот од петтото коло го игра од 20 часот, уште пред неговиот почеток е јасно дека МЗТ Скопје го завршува својот настап во АБА 2 лигата уште по првата фаза.
За да остане во игра за едно од првите две места на табелата, на македонскиот шампион му беше потребна победа на Домжале против Цедевита, но тоа не се случи. Хрватскиот претставник како гостин славеше со 80-78 и ги уништи и теоретските шанси на МЗТ Скопје. Домжале и Цедевита имаат биланс 4/1 што е недостижно за тимот од Аеродром кој на два меча пред крајот има само една победа.
Од тие причини, вечерашниот дуел против Теодо во Тиват и против Цедевита Јуниор на домашен терен за две недели ќе бидат само формалност за МЗТ Скопје кој со ова не ја исполни основната цел за оваа сезона.


