Откако вчера го објави продолжувањето на договорите со Војдан и Дамјан Стојановски, шампионот на Македонија, МЗТ Скопје денеска го објави името на првото засилување за новата сезона.
Нов член на аеродромци е американскиот бек Брендон Слај кој минатата натпреварувачка кампања беше член на Подгорица. Во АБА 2 лигата просечно постигнуваше по 15 поени, а пред настапот во црногорскиот тим, настапувал и во Грузија, Романија и Финска.
Тоа е вкупно седми кошаркар во тимот на МЗТ Скопје за новата сезона имајќи предвид дека под договор се уште Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марин Петков и Марко Миловановиќ.


