Искусниот босанско-српски интернационалец Милош Копривица е нов член на МЗТ Скопје како второ странско засилување за новата сезона.
Станува збор за 29-годишен центар кој во Аеродром доаѓа од унгарскиот тим Капошвар, а од 2015 до 2017 година бил член на Партизан. Подоцна играл и за Мега, Ловќен, Подгорица и Сутјеска, а во МЗТ Скопје треба да биде замена да Душан Танасковиќ кој се пресели во Мега.
Копривица е деветти кошаркар на МЗТ Скопје за новата сезона откако екипата ја засили Брандон Слај, соработката ја продолжија браќата Стојановски и Марко Баковиќ, додека под договор беа Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.


