Македонскиот шампион МЗТ Скопје сепак нема да настапи на турнир во Кина на крајот од овој месец.
Учеството на турнирот во Чонгкинг беше најавено кон средината на јули, а требаше да биде реализирано од 27 август до 1 септември. На него требаше да учествуваат шампионот и вицешампионот на Кина, Лиаонинг и Ксинјанг, како и една екипа од Европа.
Место тоа, МЗТ Скопје ќе остане во земјава и тука, главно, ќе се подготвува за новата сезона во која ќе ја брани тројната круна во домашната кошарка и повторно ќе се обиде да се пласира во елитната дивизија на АБА.


