Откако вчера го почна домашното првенство со триумф против дебитантот Маџари, МЗТ Скопје во вторник го игра и првиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лигата во која повторно ќе се обиде да обезбеди пласман во елитната дивизија.
Прв противник е српскиот тим Вршац кој на 7 октомври гостува во „Јане Сандански“, а шампионот на Македонија се надева на голема поддршка од трибините. Поради тоа, раководството одлучи да ги отвори вратите за навивачите, па вратите ќе бидат отворени за сите оние кои сакаат да го гледаат првиот натпревар на својот омилен тим во регионалното натпреварување.
Со тоа МЗТ Скопје ги кани навивачите, како и „Фемили Аеродром“ заеднички да го означат стартот на сезоната во АБА 2 лигата, а и да му помогнат на тимот да оствари триумф во својот прв меч.


