Викендов во Куманово ќе се одржи завршниот турнир од Купот на Македонија, а пред денешната прес-конференција, имаше и мала свеченост.
Градоначалникот на Куманово му го предаде во трајна сопственост, трофејот од Купот на капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.
„Барем оваа година нека има друг освојувач“, го замоли Димитриевски, легендарниот кошаркар на скопскиот тим, но доби негативен одговор.
Дамјан има шанса оваа година да стане апсолутен рекордер по бројот на освоени титули во Купот на Македонија. Во моментов го дели првото место со Перо Блажевски со по десет трофеи, а во Куманово ќе се обиде да дојде до 11.


