МЗТ Скопје е најтрофеен тим во македонската кошарка, но сериозно оди по стапките на Работнички кој беше доминантен во првите години по осамостојувањето на Македонија и се уште е рекордер по бројот на освоени титули во првенството.
МЗТ потоа го презеде приматот и веќе деценија и пол е на врвот во мак-баскетот, без намера да го препушти приматот. Од 2012 до 2017 година, тимот од Аеродром освои шест титули по ред, но сега се надмина и го израмни рекордот на Работнички.
Освоената титула денеска е седма во низа за МЗТ Скопје што е најдобро достигнување и за ривалот од Градски парк и воедно рекорд во македонската кошарка. Истиот беше поставен во 1999 година кога Работнички ја освои седмата титула по ред, последна во серијата која почна во 1993.


