Во обидот да го врати примаотот во домашната кошарка, Вардар се засили со репрезентативката Елена Тасевска, официјално најдобрата кошаркарска во Македонија за 2023 година во изборот на КФСМ.
Тасевска доаѓа од Баскет Кам со кого минатата сезона ја освои титулата во домашното првенство и беше прогласен за МВП на финалната серија. Освен во тимот од Македонска Каменица, битолчанката играше и во Италија, а ги помина и сите младински селекции и е стандардна репрезентативка на Македонија.
Во моментов Вардар е на втората позиција на табелата во првенството со биланс 10/3, но битката за трофеите во домашната кошарка тукушто почнува.


