Познатиот американски новинар и најпознат НБА инсајдер Ејдријан Воџнаровски одлучи да ја заврши својата кариера, по 30 години во оваа област.
Тој денеска објави дека се повлекува од ЕСПН каде работеше, но и дека нема повеќе дљ работи како новинар воопшто бидејќи во иднина ќе биде генерален менаџер за кошарка на универзитет Сент Бонавентур на кој и самиот дипломирал.
“Свесен сум колкава посветеност е потребна за мојата работа, а тоа е инвестиција за која повеќе не чувствувам дека ме води. Времето не е бесконечна работа и сакам своето да го поминам на начини кои имаат повеќе личен смисол. По сите овие години како иззвестувач за сечии омилени екипи, ѝ се враќам на мојата“, објави, меѓу другото, Воџнаровски.
Години наназад тој прв ги имаше најексклузивните информации од сите НБА франшизи и во 99% случаи неговите вести беа точни и проверени.


