Речиси две децении подоцна, поранешниот српски репрезентативец Дарко Миличиќ остро го искритикува Жељко Обрадовиќ за бурната прес-конференција по елиминацијата на Србија и Црна Гора на Европското првенство во 2005 година.
Тогашната федеративна држава беше организатор на тој шампионат, а репрезентацијата еден од фаворитите за титулата, но доживеа колапс и елиминација во осминафиналето. Подобра од Србија и Црна Гора беше Франција, а по мечот, Обрадовиќ на прес-конференција, во јавноста ги изнесе сите проблеми со кои се соочувал пред и за време на првенството. Миличиќ беше дел од таа репрезентација и го осуди таквото однесување на тогашниот селектор кој вети дека никогаш повеќе во животот нема да го води националниот тим.
„Го почитувам и ценам Жељко, но таа прес-конференција не ми беше јасна. Изнесувањето на валканите алишта пред нацијата при лош резултат е малку брз врска.
Според мене, не можеш да зборуваш како ја преземаш цела одговорност, а потоа се префрлуваш на играчите. Јас можам да кажам дека ја сносам одговорноста за својот неуспех, а потоа да речам дека Леброн Џејмс и Кармело Ентони ми се виновни. Тие луѓе со причина не ми дозволија да играм, јас им дадов право да мислат дека сум будала и дека не заслужувам да играм, заслужив таков однос. Затоа велам – едно е да се преземе одговорност, а друго да се изнесат валканите алишта.
Сите бевме свесни дека постои конфликт во репрезентацијата меѓу одредени играчи и тоа траеше долго, од мали нозе не се поднесуваа. Можеа да седнат и отворено да зборуваат на таа тема. Јас го почитувам Жељко за се што направи, но кога ќе прочитам некаде за таа прес-конференција дека е легендарна… Тоа е се, само не легендарно“, рече Миличиќ во поткасот „Јао Миле“.
Миличиќ беше сензационално избран како втор пик во 2003 година, во најсилниот драфт во поновата историја на НБА. Пред него беше само Леброн Џејмс, а зад него останаа играчи кои направија блескави кариери како Кармело Ентони (10. стрелец во историјата на НБА), Двејн Вејд (три шампионски титули), Крис Бош (две шампионски титули) итн. Србинот беше избран од Детроит Пистонс со кого освои шампионски трофеј во дебитантската сезона, но тој немаше ни симболична улога успехот. Подоцна играше и во Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и Бостон, а кариерата ја заврши на 27-годишна возраст. Поради која позицијата од која беше избран на драфтот и играчите кои ги остави зад себе, Миличиќ беше прогласен за најголемо промашување во историјата на НБА.


