Една од најталентираните млади кошаркарки во Македонија, Мила Начевска од новата ќе настапува во Шпанија, по стапките на нејзината повозрасна сестра Ања.
Иако има само 15 години, Мила потпиша тригодишен договор со шпанскиот клуб Елче од Аликанте каде ќе продолжи кошаркарски да се надградува, а воедно ќе биде можеби најмлада македонска интернационалка, сметајќи ги сите спортови. Претходната сезона таа играше за сениорскиот тим на Вардар во Првата женска кошаркарска лига, а е член и на младинските селекции на Македонија.
За Мила Начевска постоеше интерес и од други шпански клубови, но Елче понуди најдобри услови за нејзин развој.


