Од Србија утринава дојде тажна вест – на 39-годишна возраст почина поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Драган Лабовиќ.
Во македонското кошаркарско првенство настапуваше во сезоната 2017/18 кога Соколи го остварија најголемиот успех, триумф во Купот на Македонја и пласман во финалето од плејофот каде загубија од МЗТ Скопје со 2-3. Своевремено беше еден од најталентираните кошаркари во Србија во генерацијата 1987.
Како тинејџер влезе во првиот тим на ФМП со кого во 2007 година го освои Купот на Србија и беше прогласен за МВП на завршниот турнир. Освен во Карпош Соколи и ФМП, играше уште во Арис, Франкфурт, Енисеј, Нижњи Новгород итн., но стручњаците тврдат дека поради својот темперамент, не го искористи до крај потенцијалот што го поседуваше и не оствари кариера каква што требаше да направи.
По завршувањето на играчките денови, имаше неволји со законот во Србија, но и психички проблеми поради што се лекуваше во стручни установи јавно зборуваше за српските медиуми. Оттаму велат дека причина за смртта е срцев удар.


