Леброн Џејмс направи уште еден чекор кон дефинитивно враќање на натпреварите од НБА лигата.
Легендарниот ас на Лос Анџелес Лејкерс се приклучи на Саут Беј мој се натпреварува во Развојната Г-лига, објави американскиот НБА инсајдер Шемс Чаранија. Опоравувањето од ишијас оди според планот, а со оглед на зафатениот распоред на Лејкерси и бројните патувања, беше одлучено Џејмс постепено да се враќа во ритам преку тренинзи со тимот од Г-лигата.
На овој начин, 40-годишниот ветеран ќе може да се врати во ритам во контролирани услови пред повторно да заигра во најсилната лига во светот. Својот последен официјален натпревар Леброн го одигра на 30 април, пред точно 196 дена, а до крајот на годината се очекува да биде целосно подготвен за враќање.
И покрај тоа што не е во тимот, Лејкерс во моментов успешно се справуваат без својот лидер и се наоѓаат на четвртото место во Западната конференција со биланс од осум победи и три порази.


