Наспроти очекувањата дека ќе потоне без својот најдобар играч, Далас Маверикс бележи одлични резултати по заминувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
Ноќеска тимот од Тексас го победи Њу Орлеанс со 111-103 што е трет триумф во низа и петти во последните шест натпревари. Резултатите дополнително добиваат на значење бидејќи се остварени не само без Дончиќ кој ја продолжи кариерата во Лејкерс, туку и без повредените Ентони Дејвис, Даниел Гафорд и Дерик Лајвли. Екипата нема класичен центар, па мораше да биде потпишан Мозес Браун, а во целата импровизација, одлично се снаоѓа Пи Џеј Вашингтон кој врши голема работа под кошевите.
Затоа, во овие две недели одлично игра ветеранот Кајри Ирвинг кој ноќеска постигна 35 поени. Од заминувањето на Дончиќ, тој ја презеде диригентската палка во екипата, па дури четири пати на шест натпревари ја мина границата од 30, а еднаш од 40 поени. Против Пеликанс се истакна и Вашингтон кој постигна 24 поени, додека Зајон Вилијамсон со 29 беше најефикасен во гостинската екипа.
Далас со овој триумф се зацврсти на осмата позиција на табелата, но има ист број победи како шестопласираниот Лос Анџелес Клиперс и во последните 25 натпревари ќе се обиде да стигне до позициите кои водат во плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Њујорк 142-105
Орландо – Мемфис 104-105
Вашингтон – Милвоки 101-104
Торонто – Мајами 111-120
Далас – Њу Орлеанс 111-103
Сан Антонио – Детроит 110-125
Хјустон – Минесота 121-115
Јута – Оклахома 107-130
Сакраменто – Голден Стејт 108-132


