На почетокот од февруари, Црвена Звезда како големо засилување го промовираше поранешниот кошаркар на Реал, Треј Томпкинс.
Со него беше потпишан договор на еден месец, со можност за продолжување до крајот на сезоната. Сепак, три недели подоцна, а на една недела пред истекот на договорот, Томпкинс уште не го дочекал своето деби во новиот тим. Според зборовите на Јанис Сферопулос, тој нема да патува ни во Минхен, за дуелот со Баерн, а неизвесно е дали ќе биде во составот за мечот со Морнар од АБА лигата.
Идниот четврток, кога Звезда ќе му гостува на Монако, договорот на Томпкинс ќе биде веќе истечен.


