Покрај Лука Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс во финишот од преодниот рок во НБА договори уште едно големо засилување и тоа за центарската позиција каде требаше да го покрие заминувањето на Ентони Дејвис.
Од Шарлот беше договорен Марк Вилијамс во замена за Далтон Нехт, Кем Редиш и пик во првата рунда на драфтот со што Лејкерс требаше да се борат за шампионската титула оваа сезона. Четири дена подоцна, јасно е дека трејдот пропаднал што во НБА лигата многу ретко се случува.
Вилијамс не ги помина лекарските прегледи бидејќи покажал голем број здравствени проблеми. Тој ќе се врати во Шарлот, а Нехт и Редиш пак ќе му се стават на располагање на Редик, но проблем за Лејкерс е тоа што сега немаат кваалитетно решение за центарската позиција. Единствен играч под кошевите е Џексон Хејс кому природната позиција не му е „петка“ и најверојатно ќе мора да покрива и Хачимура.


