Леброн Џејмс на 41 година продолжува да игра на највисоко ниво, поставувајќи и историски рекорди, но има и негативни резултати.
На натпреварот против Орландо Меџик, Леброн Џејмс стана играч со најмногу одиграни натпревари во регуларната сезона во историјата на НБА. Тој достигна број од 1.612 меча, надминувајќи го легендарниот Роберт Периш.
Сепак, два дена подоцна, на натпреварот против Детроит Пистонс, тој остана без поен во првото полувреме. Такво нешто му се случува вторпат во неговата легендарна кариера, а прв од 2010 година.
Во второто полувреме малку го поправи впечатокот и постигна 12 поени, а беше и на чекор до трипл дабл (девет скока, десет асистенции), но тоа не беше доволно за победа на Лејкерс.


