Леброн Џејмс по се изгледа не планира наскоро да ја заврши професионалната кошаркарска кариера што може да се заклучи од развојот на настаните последните денови.
Иако во декември ќе наполни 40 години, тој наскоро треба да потпише нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, на три сезони за вкупна сума од 162 милиона долари. Во првата ќе заработи 50, во втората 54, а во последната 58 милиони. Ако го одработи договорот до крај, Леброн би имал речиси 43 години кога тој ќе истече.
Џејмс е член на Лејкерс од 2018 година, а со овој тим освои една шампионска титула. Минатата сезона просечно постигнуваше по 25,7 поени, 8,3 скока и 7,3 асистенции, но тимот од Лос Анџелес беше елиминиран во првата рунда од плејофот од Денвер Нагетс.


