Тренерите во македонската кошаркарска Суперлига и оваа сезона не се решија да им дадат (по)голема поддршка на младите играчи, па поради тоа и конкуренцијата беше исклучително слаба.
Сепак, својата шанса во Маџари ја искористи младинскиот репрезентативец Марко Луканоски кој уште еднаш покажа дека е светла иднина на македонската кошарка. Центарот кој минатиот месец наполни 20 години ги одигра сите 22 натпревара од основниот дел и во просек играше по 16,5 минути. Заедно со останатите играчи на Маџари, тој има голем придонес за историскиот успех, четвртото место по основниот дел и пласманот во плејофот во дебитатнската сезона во Суперлигата.
За Луканоски ова е второ признание за најдобар млад играч во изборот на КОШ.МК откако истото му припадна и во 2024 година, како член на Вардар.


