Новак Ѓоковиќ многу пати порано ја истканал својата огромна почит кон Никола Јокиќ, а тоа го направи и ноќеска, непосредно по неверојатниот настап на својот сонародник.
Во пресрет на својот прв меч на турнирот во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ го гледаше натпреварот меѓу Денвер и Феникс и остана воодушевен од она што го покажа неговиот сонародник. Јокиќ постигна 31 поен, 22 асистенции и 21 скок, па тенискиот великан мораше да го поздрави кошаркарскиот со еден збор и неколку емотикони на Инстаграм.

„Величина“, напиша Ѓоковиќ и додаде круна, џокер и знаме на Србија, симболи кои сите добро знаат што значат и во кој контекст се ставени.
Ѓоковиќ е рекордер по бројот на тениски Гренд слем трофеи, а Јокиќ е троен освојувач на МВП признанието во НБА лигата.

