Легендарниот Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар во историјата на НБА, се враќа во лигата, но овојпат во нова улога.
Џордан беше малцински сопственик на Шарлот од 2010 до 2023 година, потоа продаде најголем дел од својот удел, но сега ќе биде повторно присутен во НБА во својство на стручен консултакт. Станува збор за заеднички проект на НБА, телевизијата НБЦ и стриминг сервисот Пикок, а доаѓањето на најголемиот помпезно е најавен на совијалните мрежи.
„Легендарно засилување за нашиот тим. Возбудени сме да му посакаме добредојде на Мајкл Џордан како специјален гостин на НБА, НБЦ и Пикок“, се вели во објавата.
Со влезот на Џордан, легендите Чарлс Баркли и Шекил Онил добиваат жестока конкуренција. За поранешната суперѕвзеда на Чикаго Булс ова ќе биде прва активна улога во медиумите, а пред него е работа со над 100 натпревари кои ќе треба да ги анализира.


