Довчерашниот играч на Партизан, Џејмс Нанели многу веројатно својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Олимпија Милано.
Италијанските медиуми пишуваат дека ништо не е готово, но преговорите се во поодмината фаза и можно е наскоро американскиот крилен играч да се пресели во Италија. Ако се случи тоа, тој ќе му биде соиграч на Ненад Димитријевиќ, но и на Зек Ледеј со кого заедно настапуваше во Партизан.
Интерес за Нанели летово покажаа и италијанскиот вицешампион Виртус и поранешниот европски првак Анадолу Ефес.


