Гоелмите возбудувања во финишот од натпреварот меѓу Партизан и Барселона, не успеал да ги преживее еден од навивачите на белградскиот тим.
На минута пред крајот, на навивачот на „црно-белите“ му се слошило и бил реанимиран додека уште траела играта. Утринава српските медиуми објавија дека Драган Ќетковиќ, 65-годишен навивач на Партизан починал како последица од срцев удар.

Веста е потврдена и од Ургентниот центар во Белград од каде е објавено дека лекарите брзо реагирале и долго време се обидувале да го вратат во живот Ќетковиќ, но во текот на ноќта, тој сепак починал.


