Тројца навивачи на Партизан вечерва се претепани по натпреварот на нивниот тим против Сплит во истоимениот хрватски град.
Информацијата ја потврди сплитската полиција која се обиде да се изземе од одговорност затоа што навивачите не се пријавиле дека ќе присуствуваат на натпреварот.
„Можеме да потврдиме дека по кошаркарскиот натпревар меѓу Сплит и Партизан, тројца српски државјани кои биле на мечот, се нападнати од група млади луѓе во близина на салата. Лицата не се пријавиле во полиција како официјални или како навивачи на гостинскиот клуб, па не им е доделен полициски надзор и обезбедување. Две лица се повреди и во моментов спроведуваме кривична истрага“, потврди полицијата.
Едниот од двајцата повредени имал рани на главата од каде течела крв, но згрижени се во болница и засега се чувствуваат добро. Партизан го победи Сплит со 86-81 во второто коло од АБА лигата.


