Најдобриот старт во историјата на Црвена Звезда кога станува збор за Евролигата, предизвика невидена еуфорија кај навивачите на белградскиот клуб кои веќе в петок ќе можат да ги поздрават своите кошаркари и да им дадат огромна поддршка.
Задоволството ескалираше по вчерашниот триумф на гости кај Фенербахче кој е еден од најголемите кандидати за титулата оваа сезона. Како резултат на тоа, денеска за само четири часа се продадени сите билети за петочниот натпревар против Барселона кои денеска беа пуштени во продажба. Во еден момент, за време на онлајн продажбата дури 10 илјади фанови беа на чекање за купување билет.
Кога на оваа бројка ќе се додадат уште околу 10 илјади навивачи со купени сезонски билети, јасно е дека Барса ја очекува петок, а Звезда ќе има поддршка од над 20 илјади фанови во белградската Арена.


