Неиграњето на Никола Јокиќ во дуелот против Голден Стејт ги изнервира навивачите на Лос Анџелес Лејкерс иако нивниот тим синоќа не беше противник на Денвер.
Според информациите од Нагетс, Јокиќ има повреда на лактот која ја влече подолго време и тренерот Мелоун одлучи вчера да го одмори. Без него, Денвер славеше на гостувањето кај Голден Стејт и остана во игра за второто место на табелата во Западната конференција.
Она што ги изнервира навивачите на Лејкерс е тоа што утре вечер нивниот тим го пречекува Денвер и сметаат дека Мелоун, всушност, го одморал Јокиќ за да биде свеж за директниот дуел за втората позиција за која конкурираат уште Мемфис и Хјустон. Нивниот гнев одеше дотаму што бараа жестоки казни и за Денвер и за самиот Јокиќ.
„Нагетс го одмораат Јокиќ за да се подготви за ’мајсторката’ против Лејкерс“, „Денвер не само што треба да биде истражен ако сите играчи магично се вратат против Лејкерс, туку треба да и да им се одземат пикови, а Јокиќ да се исфрли од МВП трката“, пишуваат дел од навивачите на социјалните мрежи.
Денвер и Лејкерс оваа сезона веќе се сретнаа три пати и тимот од Колорадо води со 2-1. Во моментов Денвер е трет со биланс 44/25, а Лејкерс се зад него со две победи заостанување, но и два меча помалку. На утрешниот натпревар најверојатно во тимот нема да биде Леброн Џејмс кој се уште не заздравил од повредата, доживеана пред десетина дена.


