Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембанјама доживеа тежок пад поради што го заврши натпреварот против Портланд во втората четвртина.
Французинот падна директно на лице по еден удар кон кошот и дуел со Џру Холидеј, му требаше речиси половина минута да дојде до седечка положба, а речиси цела минута да стане. Добрата работа е што сам отиде во соблекувалната, меѓутоа, Спарс кратко потоа објавија дека е подложен на протокол за потрес на мозокот и нема да се врати на теренот. По натпреварот во кој Спарс беа поразени од Портланд, тренерот Мич Џонсон изјави дека на неговиот играч му е дијагностициран потрес на мозокот, што значи дека ќе има 48 часа одмор, а теоретски би можел да игра во третиот натпревар од серијата со Блејзерс, кој се икгра ноќта помеѓу петок и сабота (04:30 часот). Евентуалното отсуство на Вембанјама би бил огромен хендикеп за Сан Антонио. Кога излезе, резултатот беше 34-32 во корист на гостите од Портланд, домаќините имаа +14 во последната четвртина, но ривалот успеа да го сврти.
Victor Wembanyama (concussion protocol) is OUT for the remainder of the game after hitting his head on the court. pic.twitter.com/qP8tAf6osN
— NBA on NBC and Peacock (@NBAonNBC) April 22, 2026
Вембанјама беше најзаслужен што Сан Антонио се квалификуваше во плејофот за прв пат од 2019 година. Со оглед на тоа што во своите редови го имаат еден од најдобрите и најперспективните играчи во НБА лигата, очекувањата на навивачите се големи, но без Вембанјама, шансите на Спарс се значително намалени.
Центарот на Спарс во просек постигнуваше по 25 поени, 11,5 скока и беше лидер во лигата со 3,1 блокади по натпревар во текот на сезоната. Пред повредата вечерва, тој имаше 5 поени, 4 скока, 1 асистенција и 1 блокада.


