Покрај засилувањата на кои работи пред стартот на подготовките, екипата на ТФТ ја продолжи соработката и со највозрасниот кошаркар во Првата македонска лига.
Капитенот Едис Нури потпиша нов договор со клубот на уште две сезони што значи дека ќе биде на терените до 44-годишна возраст. Со тоа ќе биде еден од највозрасните кои играле во македонското првенство и еден од ретките кои биле активни на средината од петтата деценија од животот.
Од неодамна Нури има и нова функција во ТФТ – претседател на Управниот одбор, а своето место во историјата на македонската кошарка си го обезбеди со тоа што беше еден од првите кои успеаја да остварат трипл дабл на натпревар од Првата лига.


