На 7 јуни, рано изутрина почнува финалната серија од НБА лигата во која ќе се сретнат Бостон Селтикс и Далас Маверикс.
На шест дена пред стартот, познати се некои од цените на билетите за натпреварите и од досега познатите информации, за нив ќе треба да се издвои цело богатство. За првиот меч во Бостон, цената на најевтиниот билет изнесува 900 долари, а како што ќе тече серијата, таа ќе се зголемува.
За вториот натпревар ќе изнесува 1.209, за третиот 1.372, а ако серијата оди до „мајсторка“, најевтиниот билет за седмиот меч ќе биде 1.987 долари. Просечната цена на билет, сметајќи ги сите сектори во двете арени ќе изнесува 4.150 долари што е највисока цена од 2011 година. Се очекува „на црно“, овие суми да бидат уште повисоки, особено ако дојде до седми натпревар во серијата.


