На една недела пред стартот на новата сезона, НБА донесе одлука со која им забранува на кошаркарите да користат мобилни телефони.
Забраната важи 45 минути пред почетокот, за време на натпреварите и додека траат изјавите, односно прес-конференциите. Во тој период, кошаркарите не само што не смеат да разговараат на телефони, туку мораат да бидат целосно отсечени од јавноста, не смеат да објавуваат постови на социјалните мрежи или да испраќаат СМС или пораки преку каналите за комуникација.
Ова правило не е донесено случајно и не е поврзано само со поголемата концентрација на играчите за време на натпреварите. Главната причина е да се спречи онлан обложувањето бидејќи кошаркарите нема да бидат на ниеден начин да бидат поврзани со надворешниот свет. Тоа ќе спречи обложување во живо и ќе се избегнат случаи како оној од неодамна со Џонтеј Портер кој доби суспензија.
Според новите правила, секоја франшиза е должна да обезбеди канал за комуникација со пријател или член на семејството на кошаркарите што ќе биде лице со кое ќе се контактира во случај на несреќа од каков било вид додека траат натпреварите.


