Првпат од почетокот на сезоната, Никола Јокиќ не е најголем фаворит за МВП признанието во НБА лигата.
Иако е на граница на трипл дабл просек, со 30,8 поени, 12,5 скока и 9,5 асистенции по натпревар, од денеска според највлијателните кошаркарски медиуми во САД, на првото место се наоѓа суперѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџес Александер.
Предноста е на страната на канадскиот кошаркар затоа што неговиот тим е убедливо првопласиран во Западната конференција, за разлика од Денвер кој е на седмата позиција на табелата со дури девет победи помалку од Оклахома. Во однос на ефикасноста, Гилџес Александер е дури и подобар од Јокиќ и просечно постигнува по 31 поен на натпревар, но забележува 5,6 скока и 6,2 асистенции што е далеку од Србинот.
Треба да се истакне и дека во САД се погласно се зборува дека Јокиќ не треба да добие четврто МВП признание бидејќи така би влегол во рангот на најдобрите играчи во историјата на НБА, а според резултатите на неговиот тим, не заслужува таков статус. Со оглед на тоа што Дончиќ е повреден и излегува од трката за МВП на сезоната, а Жоел Ембид е далеку од своите најдобри денови, Гилџес Александер останува најсериозен ривал на Србинот за престижното признание.


