Најтрофејниот тим и актуелен шампион на НБА лигата, Бостон Селтикс наскоро би можел да има нови сопственици, објавија денеска американските медиуми.
Франшизата од Масачусетс во моментов ја контролира групација од акционери, а еден од нив, Вајклиф Гроусбек планира да ги продаде своите акции. Тој е меѓу сопствениците од 2002 година, а според Форбс, оттогаш до сега, вредноста на Бостон Селтикс се искачила од 360 милиони на 4,7 милијарди долари.
Гроусбек ќе ги стави акциите на продажба на крајот од 2024 или на почетокот од 2025 година, а целиот процес е планирано да финишира во 2028 година. Гроусбек и неговите партнери имаат мнозинство акции што значи дека Селтикс би имале нови газди ако процесот успее.


