Целото внимание на НБА Летната лига во Лас Вегас е насочено кон Брони Џејмс, па малкумина забележуваат дека и другите кошаркари од кои многу се очекува не се снаоѓаат најдобро.
Пред се вториот пик на последниот драфт Алекс Сар кој беше избран од Вашингтон Визардс, а кој засега игра катастрофално. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот натпревар против Портланд на кој не погоди ништо: 0/15 од игра (0/7 за тројка) и 0/2 од линијата за слободни фрлања и мечот го заврши без поени.
За да се го скрши малерот, младиот Французин одлучи да го смени бројот иако неодамна, при потпишувањето на договорот со Визардс позираше со 12-ката. Во иднина тој ќе игра со бројот 20 кој го носеше и минатата сезона во Австралија, во тимот на Перт.
Што се однесува до Вашингтон, минатата натпреварувачка кампања со бројот 20 играше Лендри Шемет кој сега е слободен играч и најверојатно нема да се врати во главниот град на САД. Дали овој број ќе му донесе среќа на Сар, ќе се знае вечерва кога Визардс ќе играат со Сакраменто.


