Грчката репрезентација е последен четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва го совлада Израел со 84-79.
Триумфот на оваа селекција е апсолутно заслужен ако се знае дека 39 минути се наоѓаше во водство, а ниеднаш во негатива и тоа беше повеќе од доволно за место меѓу осумте најдобри во Европа. Израелците имаа само 2-2 во воведната фаза од мечот, а во останатиот дел ја бркаа негативата на противникот.
Грците пред крајот на првото полувреме водеа со 50-39, но жилавиот ривал се доближи на само два поена негатива во третиот период (58-60). Сепак, финалниот удар, селекцијата на нашиот јужен сосед го зададе во последната четвртина кога отиде на огромни 73-59 кои Израел во натамошниот дел од натпреварот не можеше да ги достигне.
Убедливо најзаслужен за триумфот беше Јанис Адетокумпо кој постигна 37 поени и 10 скока и тоа со извонреден шут од игра (18/23), за индекс 37. Со тоа го оправда и својот прекар „Грчко чудовиште“ (Greek freak). Дени Авдија се обиде да го однесе Израел во четвртфиналето, постигна 23 поени, но тоа не беше доволно за триумф.
Во четвртфиналето, грчката репрезентација ќе се сретне со Литванија, а натпреварот е на програмата во вторник.


