Партизан вечерва ја совлада Црвена Звезда и ја оствари својата шеста последователна победа во Евролигата што е рекорд за „црно-белите“ во елитното натпреварување.
Она што дополнително го зголемува значењето на овој подвиг е фактот дека таква серија не е постигната ниту во ерата на Душко Вујошевиќ, ниту за време на мандатот на Жељко Обрадовиќ. Големиот пресврт е поврзан со доаѓањето на Жоан Пењароја, кој успеа целосно да го промени имиџот на тимот. Во еден момент, Партизан изгледаше изгубено, без самодоверба и со серија тешки порази, но успеа да се издигне од таква ситуација и да направи незаборавна серија.
Победничката серија почна речиси незабележливо, но набрзо прерасна во историска. Валенсија, АСВЕЛ, Париз, Дубаи, Виртус паднаа еден по друг, а серијата ја заокружи триумфот над најголемиот ривал – Црвена Звезда. Интересно е што Партизан претходно успеа да врзе пет победи во Евролигата и во сезоната 2024/25 и една година претходно, но не и да отиде над таа бројка. Сега границата конечно е пробиена и поставен е нов клупски рекорд.
Исто така, интересно е што ова е прв пат еден од овие два вечни ривали да ги добие двата натпревари во една сезона во елитата.


