По само две минути игра во второто полувреме, прекинат е вториот меч од финалната серија од српското првенство меѓу Партизан и Црвена Звезда.
„Црно-белите“ беа во налет, поведоа со 12 поени разлика (57-45) што предизвика еуфорија на трибините во белградска Арена. Во целото славје, домашните навивачи почнаа да ги навредуваат противничките играчи и функционери поради што дојде до прекин.
Играчите на Партизан преку разгласот се обидоа да ја смират тензијата, но тоа беше контрапродуктивно, кон теренот полетаа предмети кои паднаа блиску до клупата на Црвена Звезда, па играчите на овој тим одлучија да го напуштат теренот и да заминат во соблекувална.


