Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е приказна на колото во Евролигата откако вчера го уништи шампионот на Франција, Монако.
Плејмејкерот на Париз одигра еден од најдобрите натпревари сезонава во елитното натпреварување, не само за себе, туку воопшто. Статистиката покажа дека тој учествувал во постигнувањето на дури 53 од вкупно 87 поени на неговиот тим што е безмалку 61% од бројот на реализирани поени на парискиот тим.
За 29 минути во ихра, тој постига 28 поени со шут за два 9/12, 1/3 за три и 7/9 од линијата за слободни фрлања, плус 10 асистенции, 4 скока и 9 изнудени лични грешки со што го заврши мечот со индекс 38, убедливо највисок досега во петтото коло од Евролигата.


