Репрезентацијата на БиХ оствари неочекуван триумф во четвртото коло од Европското првенство откако денеска ја совлада Грција со 80-77.
Босанците го искористија неиграњето на првата грчка ѕвезда Јанис Адетокунбо кој од превентивни причини не беше во тимот и остварија победа која ги става во исклучително поволна позиција во борбата за пласман во следната фаза. Не изгледаше дека може да дојде до вааков исход кога во втората четвртина Грците поведоа со 34-21, но следуваше серија од 23-4, па БиХ на голем одмор замина со предност од 44-38.
Добрата игра на босанските кошаркари продолжи и во второто полувреме, во последната четвртина предноста се искачи и на 14 поени разлика (69-55), па во ниеден момент победата не беше доведена во прашање иако крајниот резултат е изразен со само три разлика во корист на Босанците.
Јусуф Нуркиќ ја предводеше својата репрезентација со дабл дабл од 18 поени и 10 скока, Роберсон исто така постигна 18 поени, а Слукас со 15 беше најефикасен кај Грците. И покрај триумфот, БиХ мора да ја победи Грузија во последното коло за да обезбеди едно од првите четири места кои водат во осминафиналето.


