Довчерашниот играч на ЛА Клиперс, Богдан Богдановиќ, останува во НБА лигата. Претстојната сезона тој ќе биде член на Хјустон Рокитс со кого потпиша едногодишен договор.
Изминатите неколку дена имаше навестувања дека Богдан би можел да се врати во Европа, Панатинаикос се споменуваше по доаѓањето на Жељко Обрадовиќ, а и навивачите на Партизан имаа надежи за него, но тоа, сепак, не се оствари. Богдановиќ ќе остане во НБА, каде што ќе игра за Хјустон по Сакраменто, Атланта и ЛА Клиперс.
„Слободниот агент Богдан Богдановиќ постигна договор со Хјустон Рокетс за едногодишен договор“, објавија американските медиуми.
За Богдановиќ тоа ќе биде десетта сезона во НБА лигата со што ќе стекне право на доживотна пензија. Не е нереално идното лето, сепак, да се врати во европската кошарка со оглед на тоа што не остави длабока трага во НБА и покрај големиот потенцијал.


