Грчкиот стручњак Василис Спанулис поднесе оставка на тренерската функција во Монако и не го водеше овој тим синоќа, на мечот против Шоле.
Бордот на директори се уште не се изјаснил по ова прашање, но јасно е дека славниот Грк нема намера да се врати на клупата по се поизразените проблеми со кои се соочува вицешампионот на Франција. Клубот е во огромна финансиска дупка, неодамна државата ги презеде неговите долгови, но двајца кошаркари веќе си заминаа, а се повреди и Никола Миротиќ.
Ако до идниот месец не бидат сервисирани долговите, Монако ќе прогласи банкрот и ќе биде доведен во прашање настапот во Евролигата за идната сезона.


