Капитенот Богдан Богдановиќ го освои вториот медал со српската репрезентација откако во 2016 година дојде до среброто во Рио де Жанеиро.
Во неговата богата колекција недостасува титула од големите натпреварувања, но играчот на Атланта е презадоволен од денешниот триумф од Германија иако во неговиот глас можеше да се почувствува за поразот во полуфиналето.
„Беше тешко, не спиевме по поразот од САД, денеска станавме во 7 часот поради раниот термин, но покажавме карактер и победнички менталиет. Пресреќен сум, им благодарам на играчите, секоја им чест“, рече Богдановиќ.


