По елиминацијата од Реал Мадрид во полуфиналето од АЦБ лигата, неславно заврши оваа сезона за Барселона која не освои ниеден трофеј и повторно е километри далеку од својот најголем ривал.
Минатото лето клубот одлучи да ја прекине соработката со Шарунас Јасикевичиус и на негово место да го постави неискусниот Рожер Гримау, си заминаа неколку важни играчи меѓу кои и Никола Миротиќ со цел да се скрати буџетот и сето тоа придонесе екипата да оствари исклучително лоши резултати. Генералниот менаџер Хуан Карлос Наваро тврди дела лекцијата е научена и дека ќе има промени во текот на летниот период.
„Не е тренерот одговорен за се, ни некои играчи не одиграа добро. Погрешивме и треба да учиме од сето ова, да се насочиме кон идната сезона. Иднината на Гримау во клубот е нешто на што не можам да одговорам во моментов. Ќе има промени, не радикални, но два-три дела од мозаикот треба да се заменат.
Ова беше коцкање, голема промена, со многу поамл буџет и нов тренер и не успеа. Сега е време да се размислува за иднината“, изјави Наваро.
Оваа сезона Барселона стигна до финалето на Копа дел Реј, полуфиналето во Суперкупот и шпанското првенство и четвртфинале во Евролигата. Веќе е најавено дека претстојната натпреварувачка кампања на клупата ќе биде грчкиот стручњак Димитрис Итудис.


