Комесарот на НБА, Адам Силвер пред три дена изјави дека Никола Јокиќ зборувал со него во врска со натпревари од најсилната светска кошаркарска лига кои би се играле во Србија, односно Белград.
Изјавата дојде пред дуелот во Абу Даби каде се сретнаа Бостон и Денвер со што официјално почна претсезоната во НБА.
„Чисто да спомнам, Никола и Лука (Дончиќ) ме прашуваа дали е можно НБА да дојде во Србија и Словенија“, рече, меѓу другото, Силвер.
Јокиќ вчера на оваа тема доби прашање од полски новинар и сите ги изненади со својот одговор.
„Првпат слушам за тоа. Немам поим за ништо во врска со натпревари од НБА“, рече кошаркарот на Денвер и ги остави сите во бунило.
Ова значи дека некој од нив двајца лаже, а Силвер во својата изјава додаде дека во моментов не е можно НБА да дојде во Србија бидејќи организацијата на претсезонски натпревари е многу тешка, а на кратки патеки не носат никаков бенефит.


